Кривична за директор во Стопанска банка Битола

0
288

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(60) од Битола втор генерален директор на Стопанска Банка АД Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. Пријавениот, во периодот од 2009 до 2010 година како законски застапник и втор генерален директор на Стопанска банка АД Битола, поради неисполнување на обврските од Договорот склучен помеѓу правниот субјект „Металец Конструкции” ДООЕЛ и „Алпине Бау ГМБХ” каде како гарант била Стопанска банка АД Битола, неместо да пристапи кон активирање на гаранцијата и обештетување на банката, истиот иницирал вонсудско решавање, а во меѓувреме и погрешно ги информирал членовите на Управниот одбор при одобрување и склучување на новата девизна гаранција за извршување на работните активности, постапувајќи спротивно на Законот за трговски друштва. Со овие дејствија и нанел штета на Стопанска Банка АД Битола во износ од 945.126 евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY