Кривична за двајца битолчани за тешки кражби

0
1244

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.М. (44) и С.Е. (21), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил две кривични дела „тешка кражба“, додека двајцата заедно сторител три кривични дела „тешка кражба“.  Пријавените ги сториле кривичните дела во текот на месец јануари. Истите, насилно, со употреба на подесен алат  влегувале во берберски салони, продавници, бутик и фризерски салон од каде што одземале разни предмети, прибори за шишање, текстилна стока и пари. На тој начин пријавените предизвикале материјална штета од 55.000 денари