Кривична за над 2 кг марихуана

0
392

ПС-ОН Прилеп до ОЈО Прилеп на ден 25.09.2015г. поднесе Кривична пријава против лицето К.К.(37), од с.Чифлик, општина Чешиново Облешево заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “. На ден 24.09.2015год. на патниот правец Прилеп-Скопје при рутинска контрола запрено е ПМВ Ауди А6 со бугарски ргистерски ознаки управувано од пријавениот К. К. При вршење на контрола на возилото во предниот дел од хаубата пронајдени се 3 (три) поголеми паковки со НН растителна зеленкаста материја спакувани во ПВЦ најлонски кеси. Од извршената анализа на пронајдените паковки, заклучено е дека растителниот материјал претставува компримирани исушени делумно здробени врвни делови –кои потекнуваат од растението Cannabis со вкупна маса од 2 кг 878,2 гр. Од страна на судија на предходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Без коментари

LEAVE A REPLY