Кривична за раководителот на подрачното министерство за земјоделие во Битола

0
1852

Секторот за внатрешни работи Битола до ОЈО поднесе кривична пријава против лицето . И.С (64) од с.Рибарци општина Новаци  вработен како раководител во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ПЕ-Битола заради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување” “Фалсификување или уништување на деловни книги” и “Узурпација на недвижности” и против  правно лице индивидуален земјоделец “Десил “сопственост на сопругата на првопријавениот за сторено кривично дело “Узурпација на недвижности”.

Пријавениот како раководител на МЗШВ  на 24.02.2009 до “ЗК Пелагонија” доставил барање за дополнително отстапување на земјоделско земјиште и со одлука од 27.04.2009 на МЗШВ била отстапена површина од 10 хектари во КО Рибарци и 10 хектари во КО Гнеотино за времетраење од 15 години.
Првопријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување спротивно Законот за земјоделско земјиште и Закон за спречување корупција во период од 29.09.2009 до 14.11.2014  година во име на МЗШВ склучил 5 договори за давање под закуп на земјиште во сопственост на државата на кои во свое име и име на останати 2 членови од комисијата со свој потпис се потпишал како закуподавач а на местото на закупопримач се потпишал во име на сопругата .
Со искористување на службената положба ги довел во заблуда службените лица од МЗШВ и ги однел на друга парцела ,  ја внесил во Записник за вовед во владение врз основа на предходно изработен  елаборат без присуство на геометар, се потпишала комисијата, а геометарот дополнително го внесил потписот. Тука првопријавениот се потпишал во име на закупопримач.
Во 2016 година првопријавениот дознава дека МЗШВ против него има поднесено Кривична пријава отишол во геодетското биро, го повлекол нивниот примерок и на непознат начин го избришал сопствениот потпис како закупопримач за повторно да го врати во бирото.
Со сето ова изнесено постои основ на сомнение дека пријавениот извршил к.дело“Злоупотреба на службена положба и овластување”,“Фалсификување или уништување на деловни книги” и “Узурпација на недвижности” , стои во соопштението на СВР Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY