Кривична за скопјанец кој фрлал боја врз зградата на општината

0
1049

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Р. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“. Пријавениот на 26.04.2016 година, во периодот од 19.40 до 20.10 часот на бул. 1-ви Мај“ во Битола додека присуствувал на протестот организиран од здружението „Протестирам“ со фрлање на боја извршил оштетување на фасадата на зградата на општина Битола која претставува  објект од заштита на споменици на културата.