Кривични пријави против неколкума битолчани за марихуана

0
1245

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.З. (21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.11.2015 година, во 18.50 часот во Битола од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот при што се пронајдени 7,4 грама наркотична дрога „марихуана“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Ј. (23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.10.2015 година, во Битола од страна на полициски службеници при извршен преглед над пријавениот пронајдени се 3,67 грама наркотична дрога „марихуана“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.П. (22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотична дрога “. На 06.07.2015 година, во 20.30 часот во Битола пријавениот во патничко возило „Тојота“, сопственост на Б.Х., бил затекнат од страна на полициски службеници како на истиот му овозможува уживање на 0,16 грама наркотична дрога марихуана.