Кривични пријави за 15 лица

0
635
Кривични пријави против 15 лица се поднесени од страна на единицата за насилен криминал до Основно јавно обвинителство во врска со нередите што се случија во четвртокот вечерта во македонското Собрание, од кои петмина се приведени, се вели во соопштението на МВР.
Врз основа на прегледани видео материјали и преземени оперативни мерки извршена е идентификација на лицата. Покрај ова, МВР до надлежното ОЈО достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата, се наведува во соопштението.
СВР Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство – Скопје и натаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните во собранието.