Кривични пријави за 26 лица од Битола за сторени кривични дела „оштетување туѓи предмети“

0
2507

СВР Битола до ОЈО Битола на 03.06.2016 година поднесе кривична пријава против 26 пријавени лица сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, предвидено и казниво по чл. 243 ст.2 од КЗ на РМ.

Имено, пријавените во периодот од 17.04.2016 год. до 27.04.2016 година во четири наврати сториле кривично дело  „Оштетување туѓи предмети“ врз објект- зграда на Општина Битола, лоцирана на ул.Булевар 1-ви Мај бр.61 во Битола, која со Решение бр.119 од 24.02.1977 година е во евиденција на Студијата за културно- историско наследство на подрачје на Битола- споменик на културата. Пријавените одделно и во различни периоди делата ги извршувале на начин што со фрлање на тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата од зградата. Предизвиката материјална штета дополнително ќе биде утврдена со вештачење во натамошна постапка.

На 17.04.2016 година седум од пријавените додека присуствувале на протест организиран од здружение на граѓани „Протестирам“, фрлале со тврди предмети и оштетиле едно стакло од балконската врата од Кабинетот на Градоначлникот и употребиле боја, јајца и други предмети со што ја оштетиле фасадата на балконот и влезната врата од зградата на Општина Битола.

На 22.04.2016 година четворица од пријавените со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.

На 24.04.2016 година четворица од пријавените со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.

На 27.04.2016 година тринаесет пријавени лица со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.

СВР Битола постапувајќи по барање од ОЈО Битола, превзеде оперативно- тактички мерки и активности и повика дел од пријавените лица. На службен разговор се јавиле 16 лица, додека 9 лица не се обезбедени за обавување на службен разговор. Врз основа на Закон за полиција чл.28 и чл.65 СВР Битола има обезбедено доказен матријал за поведување на кривична постапка, соопштија МВР.