Кривични пријави за организаторите на контрапротестот пред Уставниот суд

0
571

Министерството за внатрешни работи денеска ќе поднесе кривична пријава против С. Ј. и А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“. На 15.03.2016 првопријавениот С.Ј. и второпријавениот А. Т. организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“со што сториле кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“ предвидено и казниво по чл.155 од КЗ на РМ. На 14.03.2016 година платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, благовремено со писмен допис се обратиле до МВР на РМ поточно СВР-Скопје, и притоа најавиле организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје. Во горе наведениот акт било наведено дека протестот ќе започне на 15.03.2016 во 18.00ч пред зградата на Владата на РМ, оттаму групата на граѓани би се упатиле кон собранието на РМ од каде групата би се упатила кон зградата на Уставениот суд на РМ. Таму групата би останала да протестира се до наредниот ден односно до објавувањето на одлуката на Уставниот суд. Мапата за движење била доставена како прилог на известувањето. На настанот организаторот претпоставувал присуство на околу 1000 граѓани и истиот се обврзал да обезбеди редарска служба од најмалку педесетина редари. За самиот настан организаторот доставил и известување до повеќето електронски и пишани медиуми. По дознавање на намерата за организирање на мирни и ненесили протести пред Уставниот Суд на РМ од страна на Платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. на 14.03,2016 година во вечерните часови одржале прес конференција на која што пред претставниците на медиумите во РМ најавиле организирање на протест пред платото на Уставниот суд на РМ со цел заштита на функционирањето на Уставниот суд на РМ. На 15.03.2016 второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до МВР на РМ-СВР-Скопје највил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир. На 15.03.2016 година во утринските часови по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. започнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд ,и започнале со монтирање на бина и тенди-чадори со што насилно го узурпирале просторот на кој претходно уредно пријавениот собир требало да се одржи во организација на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“. Со погоре споменатите дејствија првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. сториле кривично дело „Спречување или смеќавање на јавен собир“, предвидено и казниво по чл.155 од КЗ на РМ.

Без коментари

LEAVE A REPLY