Кривични пријави за „пустошење шума„

0
305

НК за КР Ресен поднесе кривична пријава против Л.И.(52) од Битола лиценциран работник за издавање одобренија на сеча во приватна шума и управител на битолска фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против К.М.(78) од с. Болно, И.Б.(75) од с. Кривени, Н.Б.(72), К.Ѓ.(74), Љ.П.(60) од с.Јанковец, Љ.М.(66) од с. Горно Крушје, Т.Д.(86) од с.Кривени, Ј.М.(74) од с. Кривени и М.Р. (68) од с. Горна Бела Црква поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“. Првопријавениот како лиценциран работник во текот на 2012 година на останатите пријавени им издал одобренија за сеча на приватна шума на останатите пријавени без притоа да ја утврди точната локација каде ќе се врши сечата, а потоа им издал испратници со поголема количина од одобрението за сеча. На овој начин првопријавениот овозможил останатите пријавени да извршат бесправна сеча на вкупно 16,4 м3 и сите пријавени да се стекнат со имотна корист од вкупно 172.900 денари.