Кривични пријави за разбојништвото во Ротино

0
519

Секторот за Внатрешни работи Битола на 23.07.2015 год. до ОЈО-Битола, поднесе кривична пријава против: И.Р. (36) од Битола, поради постоење основи на на сомнение дека сторил кривично дело “разбојништво“ и против Љ.И.(53) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело “помагање на сторител по извршено кривично дело “. На 02.07.2015 година во околу 03,45 часот, првопријавениот откако претходно се маскирал со фантомка, го отворил прозорецот од куќа во с.Ротино-битолско и со употреба на физичка сила извршил разбојништво врз сопственикот на куќата (сега покоен) Павле Т.(78) при што му одзел 22.000 денари  при што нанесувајќи му повеќе удари со дрвен стап во пределот на целото тело, од кои оштетениот се здобил со телесни повреди, поради кој бил задржан на лекување во Клиничка болница во Битола. На 02.07.2015 година од страна на полициските службеници повикан бил второпријавениот со цел распит за проверка на алиби на прворијавениот, (од причина што истиот дал изјава дека во критичниот период цела вечер бил дома кај второпријавениот). Второпријавениот свесно и со умисла дал лажен исказ дека истиот бил цела вечер кај него дома,  со што му помогнал на првопријавениот по стореното кривично дело.