Кривични пријави за учество во толпа против Савески и уште едно лице

0
804

Имено, утврдено е дека Савески кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлал со предмет кон Народната канцеларија, додека В. К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот, стои во соопштението на МВР.

Министерството за внатрешни работи потврдува дека Здравко Савески и уште едно лице, В. К. (39) од Скопје, биле повикани во полиција поради учеството на демонстрациите од 14 април кога бил оштетен објектот Народна канцеларија на претседателот на Република Македонија.

„На 22.4.2016 година, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал лицата биле повикани на службен разговор, меѓутоа поради тоа што истите не се пронајдени за да им се врачат поканите, Единицата за насилен криминал достави дополнителни покани и на 25.4.2016 година З. С. и В. К. се јавиле на службен разговор во просториите на полициската станица „Кисела Вода“, по што по консултација со дежурен јавен обвинител истите се лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното јавно обвинителство“, се наведува во соопштението на МВР.

Имено, утврдено е дека Савески кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлал со предмет кон Народната канцеларија, додека В. К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот, стои во соопштението на МВР.

Од Обвинителството потврдуваат дека против Савески и уште едно лице се поднесени кривични пријави поради сомнение дека сториле кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело предвидено и казниво по член 385 од Кривичниот законик.

Уште еден член на Левица, Владимир Куновски, денес е приведен и ќе биде изведен во предистражна постапка!, соопштуваат од Левица, откако попладнево одржаа прес-конференција на која реагираа за приведувањето на нивниот член, проф. д-р Здравко Савески.

„Можат да нè уапсат сите, но идејата нема да згасне! Нема правда, нема мир!“, велат од Левица.

Од таму претходно рекоа дека со приведувањето на Савески власта се обидува да го задуши народниот револт, кој велат станува сè помасовен. Приведувањето го окарактеризираа како отворен политички прогон против неистомислениците. Нагласија дека со притворањето се создава контраефект, односно ги стимулира за уште помасовни протести.

Од Хелсиншикот комитет за човекови права денеска известија дека биле повикани повеќе лица што учествувале на протестите. Комитетот обезбедил застапување од страна на адвокат на Савевски, кој бил повикан на информативен разговор во полициска станица и е одведен во Основното јавно обвинителство Скопје.