Кривични пријави за вработени во ФОД

0
2071

СВР Битола на 29.02.2016 г. до ОЈО-Битола, поднесе кривична пријава против  пет лица  вработени во Фод Дооел Новаци, едно лице  вработено во “КМ Петрол Оил “ДОО Новаци и против правно лице “КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци,  заради постоење на сомнение дека пријавените превзеле дејствија опишани во битието на кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ како и “Недозволена трговија“ .  Пријавените  во својство на службени лица,  со искористување на својата службена положба при вршењето на јавна набавка за постапка  со преговарање без објавување на оглас, од Законот за јавни набавки, прибавиле корист за правното лице, на начин што била донесена одлука за постапка со преговарање без објавување на оглас и во истата предвиделе дека преговарањето ќе биде со локациски најблискиот добавувач кој поседува лиценца за вршење на енергетска дејност.Пријавените во својство на службени лица извршиле избор на економскиот оператор “КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, како најповолен понудувач, иако во тендерската документација не била доставена лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија со нафта и нафтени деривати од Регулаторна комисија за енергетика на РМ.