Кривични пријави за вработени во Министерството и Инспкеторатот за животна средина

0
420

Министерството за внатрешни работи во рамки на Оперативната обработка „Зелено“ до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 16 лица, од кои 7 службени лица вработени во Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и 9-мина  сопственици, управители или овластени лица во компании.

Сите осомничени се гонат за разни незаконитости во работењето, а кривичните пријави кои им се ставаат на товар се однесуваат на основани сомненија за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „давање поткуп“.

Седуммина од пријавените во својство на службени лица, вработени во Министерството, Државниот инспекторат и Управата за животна средина, во текот на 2014 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување на одредени правни или физички лица кои се јавуваат во својство на баратели на дозволи или потврди за вршење дејност-увоз на стоки со ознака Д4, односно кои согласно тарифникот се под режим на ограничен увоз, а кои дозволи се издаваат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, им овозможуваат противправно да се стекнат со истите и покрај тоа што не поседуваат целокупна документација.

Покрај тоа, пријавените вршеле редовни инспекциски контроли и притоа во записниците од извршената контрола им внесувале лажни податоци, односно податоци кои не соодвествувале со состојбата на лице место со цел да не бидат казнети, а да бидат фаворизирани пред други правни субјекти, по што продолжувале противправно да обавуваат дејност, а за сметка на тоа се стекнувале со противправна имотна корист. За истото да биде реализирано, осомничените сопственици и управители на правни субјекти, на пријавените службени лица им ветувале, односно им давале поткуп во форма на парични средства, угостителски услуги и патувања во земјата и странство за да постапат противзаконски во делот на издавање различен вид на дозволи и покрај што барателите не ја поседувале целокупна документација.

На ист начин се обидувале да издејствуваат и скусување на законски предвидените рокови потребни за издавање на одреден вид на дозволи, поточно ексим дозволи за увоз на стоки, како и да вршат притисок врз точно посочени правни субјекти – создавачи на отпад од пакување да склучат договори со точно посочени Управувачи со отпад чии сопственици и управители се дел од пријавените, а кои пак се во блиски релации со службените лица.

Во средата уапсени беа  тројца од осомничените, а четвртото лице за кое е издадена наредба не е достапен за органите на прогонот од причина што истиот е надвор од границите на Р.Македонија. Тројцата осомничени се изведени пред Судија на претходна постапка кој им одреди мерки на претпазливост, односно забрана да го напуштат живеалиштето поради што им се одземени патните исправи и имаат обврска да се јавуваат во Суд, како и забрана за вршење на дејност./крај/мф/

Без коментари

LEAVE A REPLY