Кривични пријави за злоупотреба на службената положба

0
1075

СВР Битола до ОЈО-Битола, поднесе кривична пријава против  четири лица од Општина Новаци, заради постоење на сомнение дека пријавените превзеле дејствија опишани во битието на кривичното делоЗлоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавените лица со искористување на службената положба, при вршење на јавна набавка за гориво за службените возила , на правно лицеКМ Петрол ОилДОО Новаци, му овозможиле да се стекне со имотна корист така што на отварањето на понудите констатирале дека понудата од Правното лице е валидна и комплетна, и покрај фактот што знаеле дека правното лице не поседува лиценца.

СВР Битола до ОЈО-Битола, поднесе кривична пријава против и против вршител на должност Градоначалник, заради постоење на сомнение дека превзел дејствија “Злоупотреба на службената положба и овластување“ . Пријавениот во својство на службено лице во периодот од 2011 год. до 2014 год. искористувајќи ја службената положба и овластување постапил спротивно Законот за јавни набавки, на начин што не донесол одлука за потреба од јавна набавка за прибирање понуди за набавка на горива за службените возила, со што им овозможил право на две правни лица за периодот од 2011 до 2015 год. да се стекнат со материјална вредност со вкупен износ од 4 605 712.

Без коментари

LEAVE A REPLY