Кривични против неколкумина битолчани за кокаин и марихуана

0
758

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Е.(20) од Битола за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и Ј.А.(50) од Битола за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 02.02.2015 година околу 24.00 часот во Битола од страна на полициски службеници, бил извршен преглед на првопријавениот при што му се пронајдени 0,99 грама наркотична дрога – кокаин. На 12.03.2015 година, по претходно добиени оперативни сознанија дека првопријавениот во Битола изнајмил соба во хотел, во која пристигнал второпријавениот заедно со Б.П. и М.К., полициски службеници извршиле претрес во собата. Притоа сите биле затекнати како консумираат наркотична дрога – кокаин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Г.(25) од Битола за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.09.2014 година околу 01.00 часот во Битола во близина на автобуската станица Д.Г. му продал 0,38 грама наркотична дрога – марихуана на И.Р. за сума од 200 денари. Подоцна истата вечер, при преглед на И.Р. полициски службеници ја пронашле дрогата. Од превземените мерки било утврдено дека пријавениот во повеќе наврати и претходно му продавал дрога на И.Р.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.А.(50) и И.Ж.(21) и двајцата од Битола за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавените во месец Јануари 2015 година секој втор ден му продавале наркотична дрога-марихуана за цена од 500 до 1500 денари на Ѓ.Ш. од Битола. На  28.01.2015 година, во Битола на бул. „1- Мај“, од полициски службеници пријавените и Ѓ.Ш. биле забележани како вршат купопродажба. Тие ги забележале полициските службеници и се дале во бегство, но брзо биле фатени. При извршен преглед на Ѓ.Ш. биле пронајдени 0,99 грама наркотична дрога – марихуана.