Кривични за две лица кои го подметнале пожарот во Македонски Брод со отпушок од цигара

0
328

Поднесени се кривични пријави против две лица од Македонски Брод под сомнение дека го подметнале пожарот во Македонски Брод Според информациите од полиција, двајцата фрлиле отпушок од цигари во сено и предизвикале пожар.

На 4 август во 12 часот во селото Могилец, Македонски Брод во дворот во нивната куќа започнал пожар што подоцна се проширил. Биле запалени две напуштени куќи, сандаци со пчели, но но бил предизвикан и шумски пожар и била опожарена значителна површина со борова шума.

Полициска станица од Македонски Брод поднесе и посебен извештај против лице од село Косово, Македонски Брод, под сомнение дека го предизвикал пожарот што избувна на 25 јули во ловечки објект, а подоцна се проширил на местата „Бигор“, и „Круша“ над село Требовле.

Исто така поднесени се и Записници за констатирани прекршоци против три лица кои го предизвикале отворен пожар селата Заград и Зркле.

http://24vesti.com.mk

Без коментари