Кривичниот совет одлучува за притворот на Јанкулоска, Божиновски и Гури

0
453

Тројцата судии кои се во Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска се очекува да одлучат дали ги прифаќаат жалбите на Специјалното обвинителство или го потврдува решението на судија на претходна постапка да не изрече мерка – притвор и за преостанатите петмина осомничени за изборен фалсификат.

Одлуката се однесува на поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски и Исмет Гури – член на изборна комисија во Чаир. Против решенијата на Советот странките немаат право на жалба.