Кривичниот суд од СЈО добил материјали на кодирано УСБ

0
308

„ Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) крие докази од Основниот суд Скопје 1 – Скопје па заради тоа трите предлози кои во текот на вчерашниот ден од страна на СЈО беа доставени до судот, денеска од страна на судиите на претходна постапка, кај кои беа распоредени, се вратени во обвинителството.

Имено СЈО до судот поднесе три предлози за определување мерки за претпазливост за 4 лица, а доказите заедно со само еден писмен акт – документ, кои согласно законот треба да се достапни за судиите при одлучување во врска со предлозите, беа доставени во електронска форма на пренослива меморија ( УСБ ) кое судиите на претходна постапка, кои согласно законот, веднаш по добивање на предлозите започнаа со постапување, не можеа да го отворат, бидејќи меморискиот стик е кодиран.

Со оглед на ново настанатата ситуација службено лице кое во судот ги заведува предметите го извести СЈО дека неможе да се пристапи до наведеното УСБ бидејќи истото е кодирано на што е добиен усмен одговор од обвинителството дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив.

Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, како би ги повикале странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно доказите, кое нешто е јасно предвидено во Законот за кривична постапка.

Согласно ЗКП во секој предлог на странките истите се должни, заедно со предлогот, да достават и правно релевантни докази, во соодветна писмена форма, врз основа на кои судот би можел да постапува и одлучува.

Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд.

Дали на ваков начин обвинителството се обидува да ги заштите лицата против кои го поднел предлогот, а вината за непостапувањето и одолговлекувањето на постапката, се обидува да ја префрли на судот, е нешто што треба да го одговори обвинителството“ стои во соопштението на кривичниот суд.