Кривичниот суд во Скопје одреди притвор за осомничен во „Транспортер“

0
1408
Кривичниот суд во Скопје му одреди притвор на еден осомничен во Транспортер- истрага која ја објави Специјалното обвинителство, поврзана со финансиски криминал за превоз на ученици во Битола. На уште три лица осомничени во истиот предмет одредени им се мерки на претпазливост, јави телевизијата 24 вести за која судот во Скопје ја потврдил информацијата.
Според телевизијата,  четворицата осомничени биле денеска на распит во Кривичниот суд во Скопје  од 11 до 16.30 часот.  За утре бил закажан распит на уште четири лица осомничени во Транспортер.

Без коментари

LEAVE A REPLY