Кривична пријава оти ја тепал мајка си

0
559

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето Р.С. (24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. Пријавениот во текот на јануари и февруари 2016 година во повеќе наврати ја загрозил сигурноста на неговата мајка Н.С. (64). Кога имале семејна расправија пријавениот ја со тупаница ја удирал по главата и ја заклучувал во соба. Исто така, тој и се заканувал по животот доколку пријави во полиција.