Кризата во Грција и македонските туристи

0
146

Преговорите за долгот на Грција тешко одат, а светските медиуми се повеќе пишуваат за банкротот на Грција, излегување од еврозоната и враќањето на драхмата. Состојбата будно ја следат македонските туристи кои летниот одмор го поминуваат на грчките плажи, но и туристичките агенции. Од Ариес велат дека не е прва ваква сезона, Грција да има проблеми, но никогаш не било како оваа година.

MAJA_GRCIJA_ZUC.jpg

-Неизвесноста е голема, се информираме кај партнерите што би било кога Грција би излегла од еврозоната. Нашите капацитети се веќе платени, изјави Никола Митревски, ТА Ариес.

Кај нив постојано доаѓаат клиентите и се распрашуваат.

-Постои сомнеж кај нив, се влијае на расположението кога оди човек на одмор, вели Митревски.

До нивните клиенти апелираат дека со нивните одмори нема да има никакви проблеми.

MAJA_GRCIJA_004.jpg

-Нас ни се таму платени сите капацитети, вели тој.

Македонците во Грција се најредовните гости, а Грција тоа го знае, велат туроператорите.

-Ние и Србите сме главни клиенти на територијата на Северна Грција на Егејското море, вели Митревски.

Митревски вели дека туризмот е чувствителна гранка и дека секаква состојба или криза може да влијае.