Кризната состојба заради мигрантите ќе важи до крајот на годинава

0
402

Поддржан е предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница.

Комисијата за одбрана и безбедност на денешната седница по двочасовната расправа е со став дека треба да се прифати предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба, заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и по 15 јуни, до 31 декември. Целта е да се обезбедат континуитет во вршењето на активностите на полицијата и  армијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Првата одлука за кризна состојба, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ државава, беше донесена во август минатата година, со важност од 30 дена, по што следуваше продолжување на рокот.

Без коментари

LEAVE A REPLY