Кроновата болест и Улцерозниот колитис веќе не се ретки болести

0
1027

Што е Кронова болест? Што е улцерозен колитис? Како да се препознаат симптомите на овие болести? Ова е целта на кампањата на Македонската асоцијација за Кронова болест и улцерозен колитис која низ цела држава оржува предавања и трибини со цела да ги запознае граѓаните со овие болести. Заради зголемениот број на пациенти со овие болести, тие веќе не се сметаат за ретки болести.

-Целта е едукација, не само на пациентите, туку и на граѓаните кои не знаат ништо за овие болести. За жал, овие болести веќе излегоа од групата на ретки болести, изјави Игор Пармаковски, претседател на МАКУК.igor

Бројот на заболени од 2010 до 2014 година е во пораст.

-Има од 2-4 заболени на 10.000 жители, вели Пармаковски.

Приоритет на асоцијацијата е да се стават посовремените лекови на позитивната листа, бидејќи се многу скапи.

-Причина за овие заболувања не се познати, ако беа познати, ќе се најдеше конкретен лек. Се лекуваат симптомите, се појавија современи лекови кои успешно ги лекуваат овие болести, рече Пармаковски.

Кај улцерозниот колитис во дебелото црево се создаваат ситни улкуси и други воспаленија кои одвреме-навреме се воспалуваат и предизвикуваат појава на крвав измет или проливи што можат да бидат болни. Нападите на улцерозниот колитис вообичаено се повторуваат, а опасноста од заболување од рак на дебелото црево се зголемува од 8 до 10 години по појавата на болеста. Но, со навремено и редовно медицинско лекување болеста е ретко смртоносна, а повеќето заболени можат да живеат сосема обичен живот.

Кроновата болест е неспецифично воспаление на дигестивниот тракт. Оваа болест може да зафати било кој дел од дигестивниот тракт. Многу често се јавува на завршниот дел на тенкото црево или дебелото црево. Кроновата болест е многу слична со улцерозниот колит, така штој околу 10% болни од овие две заболувања не можe да се разликуваат. Кроновата болест може да предизвика и компликации надвор од дигестивниот тракт, како на пример: кожен осип, артритис, воспаление на окото итн.

Без коментари

LEAVE A REPLY