“Крошу Ден 4“ под мотото „КРОШУ ја сака Битола“

0
5987

Фабриката КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола и оваa година за своите вработени го организира веќе познатиот “Крошу Ден 4“ под мотото „КРОШУ ја сака Битола“. Забавата се одржа во Спортско Рекреативниот Центар „Срце“ – Довлеџик на која беа присути повеќе од 4000 вработени.

Во однос на претходните забави, оваа беше посебна и се разликуваше по тоа што беше наменета за вработените, меѓутоа акцентот се стави на градот Битола и околините градови како Прилеп, Ресен и Демир Хисар како и градот Крушевац од Р.Србија каде што Крошу Групацијата отвара нова фабрика, а токму фабриката во Битола благодарејќи на остварените резултати и стручноста на вработените е избрана да биде фабрика-ментор, задолжена за почетокот на операциите и производството на оваа нова локација .

Свесни за големината и значењето кое го има компанијата во регионот како најголем работодавач и со јасна определба да продолжи да работи согласно принципте на социјална и општествена одговорност, на почетокот на оваа година, компанијата спроведе интерни и надворешни анкети преку кои се обиде да дознае што најмногу влијае на квалитетот на животот во Битола и регионот.

Клучни теми кои заземаа најважно место во одговорите на вработените и граѓаните беа здрвствените услуги кои ги добиваат во градот, состојбата на патиштата во Битола, состојбата на училишните установи, Офицерскиот дом, стадионот и спортските клубови.

После направените анализи, Менаџментот на компанијата донесе одлука да се преземат чекори со кои првично позитивно ќе се влијае на здравјето на граѓаните на Битола и регионот и медицинските услуги кои истите можат да ги добијат во градот. За таа цел, КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола на Клиничкиот Центар „Д-р. Трифун Пановски“ Битола по повод прославата во чест на 4000 вработени му подари Електо- хируршки генератор со пропратен сет на инструменти за во операциона сала.

Дополнително, големо изненадување за присутните беше моментот кога на бината беа поканети и првите двајца вработени од КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола кои се стекнуваат со правото на пензија. За нив беа изработени посебни подароци и благодарници за целокупниот труд и придонес во тимот и истите сo громогласен аплауз беа испратени во пензија со најубави желби за добро здравје и многу радосни моменти поминати со нивните семејства.

Забавата беше исполнета и со богата музичка програма, вкусна скара, десерти, ладни пијалоци, специјални ефекти, а ѕвезди на денот беа оригиналната Тијана и оркестарот Џамбо Агушев. Исто така дел од забавната програма беа и талентите кои се вработени во компанијата и кои пред своите многубројни колеги настапија со свои песни и кореографии. За меракот и во чест на своите колеги, а за љубов на Битола на овој Крошу ден настапија: Дарко Јоцковиќ, Бертини Асаноски, Филип Илиев, Пеце Петревски и Игор Беговски.

Кога некој е различен од сите останати и е препознатлив по позитивни примери и оригинален начин на управување, сите сакаат да му се придружат. Преку своето секојдневно работење, многубројните бенефити за вработените, грижата за континуираното подобрување на условите за работа во компанијата и можностите за развој и унапредување на своите вработени, од една страна, како и подршката на разни хуманитарни акции, културни и спортски настани, донации и придонес за развојот на локалните капацитети од јавен интерес за граѓаните, КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола покажа и докажа како се сака Битола .

КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола во моментот брои повеќе од 4.300 вработени и овој број до крајот на наредната година ќе продолжи да се зголемува. Како и секогаш претходно на уникатен начин оваа компанија покажа дека им пркоси на сите стереотипи, а преку сплотеноста на сите вработени кои доѓаат не само од Битола туку од целиот Пелагониско-Преспански регион дека за добар, одговорен и посветен тим, невозможно не постои. Оваа стратегија се покажа како одличен рецепт ова “Големо Семејство” и во идинина да продолжи да работи успешно и со уште подобри резултати да прерасне во најдобрата компанија во регионот со најзадоволни вработени и клиенти.. Успешноста на оваа компанија претставува и бенефит на целиот регион“ стои во информацијата од компанијата.