Крстески пред дербито се враќа во Победа

0
189

Како големо изненадување во јавноста одекна веста дека искусниот дефанзивец Александар Крстески го напушти битолски Пелистер, каде не добиваше шанса во првите две кола и се врати во Победа, како слободен фудбалер. Крстески имаше одлична есен минатата сезона, но подоцна заради повреда пропушти голем дел од пролетниот дел, а тренерот Штерјовски против Влазерими и Гостивар ги преферира Додевски и Степановски.