Крстот од Охридското езеро го извади Петар Рупески

0
427

Дваесет и шестгодишниот Петар Рупески од охридската населба Варош беше најсреќниот меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј.

Ова е третпат како Рупески го фаќа Чесниот крст. Последен пат тој го фати крстот пред две години кога посака среќа во животот и вработување.