Крушевчанец фалсификувал бонови за исхрана

0
599

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.И. (21) студент од Крушево,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсифукување на хартии од вредност“. Пријавениот во месец октомври 2015 година, скенирал, електронски обработил и во книжарница во Битола испечатил лажни вредносни бонови од 500 денари, со намера да ги употреби како вистинити во мензата на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола. Од нив четири успеал да продаде, а при извршен преглед, пронајдени се 17 вредносни бонови кои биле употребени, со кои била причинета материјална штета од 8.500 денари.