Крушево домаќин на Предевропско првенство во змајарство

0
492

Од денеска до 23 овој месец Крушево ќе биде домаќин на 19. Предевропско првенство во змајарство што го организираат Воздухопловната федерација на Македонија и клубот „Крос Кантри“ од Охрид.

На првенството ќе учествуваат над 80 претставници од речиси сите европски држави, а Македонија ќе биде претставена со двајца пилоти на змај.

Во последните години Крушево секое лето го посетуваат околу 600 пилоти на змај. Со својата местоположба Крушево стана едно од најдобрите места во Европа за организирање на натпревари во параглајдерство и змајарство.