Крушево во бело

0
201

Во Крушево во рамките на „Крушевското културно лето 2015“ се одржа „Бела ноќ“.

Овој несекојдневен настан ги собра младите крушевчани на едно место, но привлече и многубројни гости кои дојдоа од сите страни на Македонија, а одлично се забавуваа и туристите кои деновиве во градов ги има во огромен број.

Забавата помина во одлична атмосфера за што се погрижија четири диџеи:  Александар Галоски, Пеце Укс, Киро Чоне и ЕСтефано.
Младите се дружеа и забавуваа до раните утрински часови.