Крвав напад во џамија во Кабул

0
250

Во напад на шиитска џамија во областа Каир Хана во  Кабул загинаа 28 лица, а осуммина се повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Исламска држава.

Борците на ИД извршија напад врз шиитска џамија во областа Каир Хана во Кабул, објави новинската агенција на ИД – Амак.

Меѓу загинатите лица има најмалку двајца полицајци.

Осум лица се повредени во нападот, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Без коментари