Крвав напад во колеџ во Охајо, најмалку 15 загинати

0
378

До пукањето дошло околу 10:40 по локално време кога непознат маж упаднал во колеџот.

Ја заклучил вратата и почнал масакр. Засега не се знае точниот број на жртви. Се проширија гласини меѓу студентите дека во кампот имало повеќе од еден напаѓач.

-Полицијата примила повеќе итни повици. По доаѓањето на колеџот, лоциран е осомничениот. Дошло до размена на оган и напаѓачот е совладан. Кога полицијата го неутрализирала, полицајциѕе продолжиле со потрага на теренот – рекол Џон Ханлин, шерф од Розенберг на конференцијата за новинари.

Полковникот Дју Хатсон рекол дека дојава за пукање добиле во 10:00 по локално време.

Очевидци тврдат дека во кампот владее вистински хаос.

-Слушнавме четири пукања пред влезот. Сите се преплашија и махинално почнаа да ја заклучуваат вратата -рекол Денис О’Нил за НР Тудеј.

Розебург е град од околу 20 000 жители 418 км јужно од Портланд, најголемиот град во сојузната држава Орегон кој се наоѓа на пацифичкиот северозапад од САД.

Јавниот обвинител на државата Орегон рекол дека 13 се убиени во нападот на кампусот. За нападот кружеле контрадикторни информации,некои наведувале дека се работи за маж од доцниоте 20 год. а еден локален бизнисмен тврди дека се работи за жена која на крај полицијата ја убила. Сведоци тврдат дека оодел од група до група и пукал на сите кои ќе му наидат.

Без коментари

LEAVE A REPLY