Крводарителска акција и бесплатни тестови за хепатит

0
1126

Битолчани заинтересирани за бесплатното тестирање на хепатитис кое што почна изутрината а го организира Хепар центарот во Битола по трет пат по повод 28 јули светскиот ден за борба против хепатитис. Во одбележувањето на денот се вклучија и од Црвениот крст . И од таму задоволни од собраните единици на крв.

28.07.milan

„ Денешната акција морам да кажам дека е доста успешна, им се заблагодарувам на сите граѓани за одзивот освен што ја покажаа својат хуманост за дарувањето на крв и бесплатно се тестираа за хепатитис, практично се зголемува свесноста на граѓаните за оваа болест“, изјави Милан Мишковиќ од Хепар Центар Битола

„ Задоволни сме од одзивот на граѓаните за дарување на крв и досега 12 граѓани ја покажаа својата хуманост, се надеваме на уште поголем одзив бидејќи акцијата е сеуште во тек“, изјави д-р Златка Стојановска од ИТМ-Скопје

28.07.dr zlatka

Тестирањето беше анонимно граѓаните пополнуваа само анкетен прашалник

28.07.dr paspalova

„ Прашалниците ги пополнува секој а после тоа со една капка крв се врши тестирањето. Тестовите се високо сензитивни брзи каде резултатот се одбива од 5 до максимални 20 минути. Тоа се главно скрининг тестови каде се обележува дали бил во контакт или не со хепатитис Ц секој оној кој што сака да се тестира“, изјави д-р Марија Паспаловска, инфектолог во Клиничка Болница во Битола .

Познавачите препорачуваат тестирањето да се врши еднаш во годината бидејќи не преземањето превентивни мерки подоцна предизвикува поголеми проблеми.

Акцијата се одржа во Магазата, а вечер на Широк Сокак во Битола ќе се одржи хуманитарен музички хепенинг.Светскиот ден за борба против хепатитис се одбележува од 2010 година во чест на професорот Барух Блумберг, кој добил Нобелова награда за откирвање на хепатит Б.