Крводарителска акција на Здружението „Тодор Александров“

0
1018

Над 60 тина граѓани од Битола се вклучија во крводарителската акција која што ја организираше Здружението „Тодор Александров“ од Битола. Акцијата ја одржаа под мотото „ Македонија вечна“.

Ѓорѓи Чекутков меѓу другото рече дека хуманоста како највисока човекова доблест треба да биде императив на секој граѓанин.

Ова не е прва крводарителска акција на Здружението „Тодор Александров“. Во нивното 4- годишно постоење направиле повеќе хуманитарни акции. Ги повикаа граѓаните да бидат хумани и да ги поддржуваат ваквите акции.