Куба побара од САД безусловно укинување на ембаргото

0
305

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес побара денеска од САД безусловно укинување на ембаргото за Куба, повторувајќи го барањето за враќање на заливот Гвантанамо каде американската војска има база.

Тој истакна дека американското ембарго кон Куба е „леден брег останат од студената војна“ кој треба безусловно да се укине..

Родригес на заедничка прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер во Берлин оцени дека напредокот на САД кон попуштање на повеќедеценските блокади е „многу ограничен“.

Шефот на кубанската дипломатија изрази оптомизам дека двете држави можат да ги надминат меѓусебните разлики во интерес на подобрување на односите, додавајќи дека напредокот нема да се случи преку ноќ.