Кубанскиот дух преку ресторанот Лас Бандидас во Битола

0
1080

 

Во оригинален кубански амбиент, во Битола беше отворен првиот кубански ресторан Лас Бандидас. Брендот за овие ресторани едни од најбараните и најпосетувани во светот, во нашиот град го воведоа браќата Котевски.

Овој ресторан е со капацитет од 40 места за седење во внатрешноста и 30 надвор.

Секој ден нудат различна програма и тоа-виски вечер секој понеделник, вторник и среда следење на лига на шампиони, четврток латино музика со диџеј, петок промоција на пиво со топено сирење,
саботите се резервирани за салса ноќ со гости танчери кои танцуваат заедно со гостите во ресторанот.
Овде гостите ќе имаат можност, да вкусат најразлични специјалитети по прифатливи цени како и да ја испијат својата дневна доза на кафе. Ресторанот е на локација во Пелагонка 2, во центарот на градот.

На отварањето со кубанска музика, со кубански специјалитети, на гостите им беше пренесена дел од кубанската култура.
Ресторанот е направен според стандардите на кубанските ресторани ширум светот, со персонал кој на гостите ќе им овозможи најпрофесионална услуга.