КУД.Илинден награден на меѓународен фестивал во Полска

0
2716

КУД.Илинден Битола го освои престижното второ место на меѓународниот фолклорен фестивал во Здунска Вола, Полска.
На фестивалот настапија 28 фолклорни ансамбли, од 15 држави од светот.
На овој фестивал присуствуваше и амбасадорката на Македонија во Полска, Горица Атанасовска Геровска, која лично им го честита овој голем успех на амбасадорите на фолклорната традиција од нашата држава.

Ова друштво шест децении е чувар на традицијата и амбасадор на битолската и македонската култура и традиција ширум светот. Својот јубилеј од 60 години постоење, го прослави со новата сценска адаптација „Охридски староградски игри“ во декември минатата година.

Во текот на постоењето на КУД Илинден членувале илјадници членови. Многумина од нив денес се совесни и успешни граѓани во Македонија и надвор од нејзините граници. На сцената одиграни се бројни настапи со многу автентични и обработени фолклорни содржини. Многу од нив се и наградувани на бројни фестивали како во државата така и на меѓународни фестивали.