КУД Илинден од Демир Хисар во Загреб на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ

0
2811

КУД Илинден од Демир Хисар е на турнеја во Хрватска како дел од 17 тиот интернационален фолклорен фестивал кој традиционално се одржува во Велика Горица. Оваа година учествуваат културно уметнички друштва од Литванија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, а во организација на фолклорниот ансамбл Туропоље Велика Горица, Хрватска. Овој ансамбл неколку пати гостуваше во Битола како дел од фестивалот Илинденски денови. Гостувањето во Хрватска на КУД Илинден Демир Хисар е во соработка со Хрватскиот културен центар и МХД Марко Марулиќ Битола. Првиот ден ова културно уметничко друштво кое по втор пат учествува на овој фестивал, се претстави во ревијалниот дел во Загреб на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, пред многубројните присутни. Свеченото отворање на фестивалот е денес со настапот на гостите од странство и КУД Братинечко срце Братине и организаторот ФА.Туропоље Велика Горица: Доделувањето на наградите и признанијата е на завршната вечер на 8-ми јули. Годинешното издание на фестивалот се одржува од 6- ти до 9- ти јули.