КУД.Мирче Ацев од Прилеп ги разигра хрватите

0
298

 

КУД. Мирче Ацев од Прилеп гостуваа во Макарска , како дел од турнејата во Хрватска.
Во текот на изминатите години ова културно уметничко друштво, со фолклорниот ансамбл Темпет од Макарска, развија исклучително пријателски односи на соработка, на кои резултат беше и ова гостување, а дел од турнејата во Хрватска беше во организација на хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола.
Во досегашната работа КУД. Мирче Ацев има покажано видни резултати. Во текот на своето постоење, членовите на овој ансамбл приредиле преку 2500 концерти за Прилепчани, а учествувале и на повеќе смотри и фестивали, како во Македонија така и во странство, каде што секогаш добивале истакнати признанија. Основани се во 1947- та година.
Во моментов има повеќе од 250 членови, поделени во 5 групи. Фолклорниот ансамбл Темпет кој постои 12 години, со КУД. Мирче Ацев соработуваат веќе 6 години.

Во текот на гостувањето во Макарска претставниците на КУД.Мирче Ацев беа на прием во општината, каде заменик градоначалникот на Макарска, Мирослав Дружијаниќ, ги запозна гостите од Прилеп со долгогодишната соработка на Макарска со Македонија и го истакна задоволството на повторното гостување на ова културно уметнико друштво во Макарска.
На крајот на пријатното дружење, беа разменети и пригодни подароци.

КУД. Мирче Ацев одржаа концерт и пред многубројните гости во еден од најреномираните хотели во Макарска, хотел Ривиера.

На едно од дружењата на членовите на КУД. Мирче Ацев и ФА.Темпет, како и со претставниците на хрватскиот културен центар од Битола, се пееја македонски и хрватски песни и се разменија пригодни подароци.
Македонскиот фолклор е надалеку препознатлив, а карктеристично на овие гостувања и турнеи е вечерта кога домаќините и туристите заедно со фолклорните групи, го учат и играат македонското оро. Воодушевувањето кај публиката на качичевиот плоштад беше и повеќе од очигледно.
Младите играорци и играорки, со силен ентузијазам и голема љубов кон народните игри и песни, автентично ги интерпретираат на светските сцени обичаите од историското минато на македонскиот народ, а со тоа се долги години амбасадори на македонскиот фолклор насекаде низ светот.