КУД.Стив Наумов Битола на меѓународен фестивал во Франција

0
708

 

Младинскиот женски хор при КУД „Стив Наумов“-Битола, од 3 до 9 мај учествува на меѓународниот фестивал на хорови што секоја година се одржува во францускиот град Нанси.

Во Франција ќе настапат 36 членки на младинскиот женски хор и шест солистки, кои ќе исполнат 19 композиции од француски и македонски композитори.

– Фестивалот во Нанси е еден од најголемите фестивали во светот за хорови, а потврда за тоа е фактот дека оваа година ќе учествуваат рекордни 150 хорови од сите страни на светот. Според фестивалските правила, на овој настан еден хор може да учествува само еднаш, но јас како диригент на хоровите на КУД „Стив Наумов“ досега успеав да учествувам два пати-истакна диригентот на КУД.Стив Наумов, Љубомир Трифуновски и додаде- Битола е еден градовите со развиена франкофонска традиција и обележја и тоа најмногу влијаеше да добиеме покана за трето учество во Нанси. Според фестивалската програма, сите хорови имаат задолжителна изведба на шест композиции, од нив три се со т.н. световна музика посветена на мирот, љубовта и слогата во светот, а три композиции се со духовна музика кои ги пеат сите хорови како еден. Хорот од околу 2.000 хористи ќе настапи на големиот плоштад во Нанси, а настапот ќе го следат околу 12.000 посетители.

Меѓународниот фестивал на хоровите од светот во Нанси се одвива на повеќе локации во градот, а младинскиот женски хор од Битола ќе приреди пет концерти и два посебни настапи на отворањето и затворањето на фестивалот.