„Куќа на Мијаците“ кај Бигорскиот манастир

0
3150

„ Куќа на Мијаците“, идејно осмислена од страна на игуменот на Бигорскиот Манастир,  Архимандрит г. Партениј и изграденa во духот на мијачката градителска традиција, има за цел да ја презентира токму мијачката култура, од сите нејзини аспекти: архитектура, историја, уметност, носија, храна.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238336

Овој објект има за цел да придонесе кон развојот на верскиот и селскиот туризам во мијачкиот крај во Западна Македонија, а ќе биде раководен од Јонче Николовски од Тетово.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238335

„ Новоотворената „Куќа на Мијаците“ се наоѓа во срцето на најживописниот и најубав крај на Македонија, меѓу горостасните убавици Бистра, Крчин и Дешат, разделени од бистрите и немирни води на чудесната Радика“ рекоа на свеченоста.
otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238333

Куќата на Мијаците” е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите две ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани.