Куќен притвор и одземени пасошите на членови на Левица

0
650

Члeновите на партијата Левица Здравко Савески и Владимир Куновски кои денеска беа приведени поради учество во толпа за време на демолирање на Канцеларијата на Иванов судот им доделил мерка куќен притвор и одземање на пасошите.

„По разгледување и ценење на предлогот, како и сослушување на лицата во врска со предлогот на обвинителството во присуство на нивен бранител, судија на претходна постапка донесе одлука со која на Савески и Куновски им определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена како и мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа“, велат од Кривичниот суд.

Како што потврдуваат од Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка во текот на денешниот ден биле спроведени Савески и Куновски со предлог од Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор заради основано сомнение дека го сториле кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик.