Куќен притвор за едно лице, за другите три лица мерки за претпазливост

0
3155

Кривичниот суд во Скопје доцна вечерва донесе решенија по денешниот распит на четири лица од случајот Транспортер. Како што за Тера изјавија од кривичниот суд, за едно лице има мерка 30 дена куќен притвор, а за другите три лица одземени патни испрати, обврска да се јавуваат на служено лице во судот и забрана за напуштање на местото на живеење, односно градот.

Куќен притвор неофицијално е определен за управителка на една транспортна фирма.