Куќичката и фабриката на Дедо мраз во Битола

0
839

Во Битола по трет пат оваа година се реализира хуманитарната и едукативна акција Куќичката на Дедо Мраз. Оваа година Куќичката на Дедо Мраз ќе биде надополнета со Фабриката на Дедо Мраз и магијата продолжува под мотото ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА.

Куќичката на Дедо Мраз е лоцирана во девената барака кај Саат Кулата во Битола а Фабриката на Дедо Мраз е лоцирана на Широк Сокак во поранешниот кафе бар Фејмос.

Акцијата ќе се случуваат во Битола, од 24 до 31 декември 2015.

Во куќичката на Дедо Мраз, децата ќе имаат можност да се запознаат со најсаканиот дедо на цел свет и на сите времиња, да разговараат со него, да му ги кажат своите желби а тој ќе ги поттикне на  хуманост и ќе им помогне да разберат како нивното малку за некого е премногу. По примерот на минатите години, преку различни комуникативни алатки ќе се потенцира магијата и моќта на несебичноста и споделувањето и ќе се поттикне на практикување и почитување на вистинските вредности.

Во Фабриката на Дедо Мраз децата ќе имаат можност да присуствуваат на креативни работилници за изработка на играчки, лампиони, новогодишни честитки, ликовни и театарски работилници, работилници за пишување писмо до Дедо Мраз итн.Едукативните работилници ќе ги поттикнат децата на хуманост, помагање, споделување и на почитување на вистинските вредности.

12391384_783657811761431_3622645849829147510_n

Фабриката е простор каде децата ќе можат да учествуваат во создавањето и креирањето на подобар свет за оние на кои им треба поддршка и помош.

Кучичката и Фабриката се локации каде може да се донира облека, играчки, нерасиплива храна и средства за хигиена

Оваа година собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства од Битола кои ќе ги идентификуваме во соработка со Општинската организација на Црвен крст во Битола и со Народната кујна.

Дедо Мраз е симбол на добрина, искреност и несебичност, без разлика дали верувате во него, секогаш мами насмевка и Ве потсетува на детството и магијата на новогодинешните празници. Некои од нас сеуште веруваат дека некаде далеку, на северниот пол, во малата куќичка живее Дедо  Мраз а деветте ирваси стрпливо чекаат да започне новогодишното патување.

Во оваа акција се вклучени многу поединци, организации, институции и компании кои го донираат своето време, енаргија и ресурси за успешна реализација на оваа акција.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY