Култот кон Свети Нектариј Битолски се зголемува

0
1638

Уште една недела до 18 декември, денот кога се празнува заштитникот на градот Битола, Свети Нектариј Битолски. Во 2008 година на предлог на Владиката Петар, Општина Битола со одлука на Советот го прифати Свети Нектариј да биде заштитник на градот. Секоја година празникот се одбележува со вечерна Богослужба, а утредента со Божествена литургија, како и со литија низ улиците на Битола.

-За нас како Црква тоа е најважно одбележување, да му возвратиме на заштитникот и постојаниот молитвеник за нашите души и тела, вели Владиката Петар.vladika

Култот на Свети Нектариј Битолски од година в година се повеќе се зголемува, вели Владиката.

-Тоа нас не радува. Тука треба да се вклучат и сите од воспитно-образовните институции, вели г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски.

Тој потенцира дека култот кон одреден светец се гради подолг период.

-Се случува во процес, се надевам дека од година во година ќе се зголеми, вели Владиката Петар.

Од скоро на разглас од црквата Света Богородица секој ден напладне може да се слушне тропарот за Свети Нектариј Битолски.

Без коментари

LEAVE A REPLY