Културно-спортско лето во Прилеп

0
412

Прилеп со низа културни и спортски манифестации го започна ова лето
да привлече уште поголем број на туристи, љубители на манастирскиот,
алтернативниот и фестивалскиот туризам.  Центарот за култура „Марко
Цепенков“ и локалната власт најавија преку 60 различни културни и спортски  настани, главно на отворена сцена, со цел културата да биде поблиску до публиката, а алтернативните спортови да го направат овој регион, Прилеп, Крушево и Кривогаштани, што попривлечен за љубителите на екстремните спортови.

„Пивофестот 2016“ од 14 /17 јули, како еден од најатрактивните манифестации на Балканот, каде очекувааме и оваа година над 350.000 посетили, што е вообичаена бројка за оваа манифестација. На 21 –ви јули. ќе се одржат традиционалите „Македонски чалгаџиски песни“ на камената бина на отворено, а на 25,26,27 август, ќе започне петиот по ред „Џез фестивал“- најави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.