Куманово денес дебитира во новиот ФИБА Евро-куп

0
565

Единствениот македонски претставник во европските купови тимот на Куманово вечер ќе дебитира во новоформираниот Еврокуп на ФИБА. Кумановци од 18:45 часот во првото коло од Групата Ј, ќе гостуваат во Анкара кај првиот фаворит, турскиот прволигаш Турк Телеком. Нашиот тим на гостувањето во Турција отпатува ослабен за Американецот, Ентони Ли Инграм, кој ја санира повредата на тетивата. Куманово во групата Ј, покрај Турк Телеком ќе ги има за противници и финскиот КТП Баскет и полскиот прволигаш, Роса Радом.