Кунг фу Панда со награди за најмладите

0
431

3Д киното со своите пријатели, за посетителите подготвија изненадување за најмладите. Имено децата викендов се дружеа со пандата од популарниот филм Кунг фу Панда 3.

Во филмот гласовите ги позајмуваат популарните Анџелина Џоли, Џејк Блек, Дастин Хофман, Луси Лиу и други, а е во режија на Џенифер Јух. Преку комични ситуации се опишува секојдневието на По, кој тренира цело село полно со забавни, мирољубиви и смотани ликови за да станат ултимативната кунг фу банда.

Дечињата пред проекцијата на филмот на креативните и едукативните активности, но и видео игрите, покрај дружењето со пандата добија и подароци.

Ова е едно од низата на изненадувања кои 3Д киното од почетокот на своето постоење до денес, покрај најновите филмски наслови, им ги нуди на битолчани.

Во декември во 3Д киното беше награден 100.000- тиот гледач, а од центарот за култура информираат дека бројот на посетители постојано се зголемува.

Оваа недела се прикажува филмот Бетмен против Супермен -Зора на правдата и Мојата голема грчка свадба 2 .

Без коментари

LEAVE A REPLY