Купи карта за 3Д кино и донираш за поплавите

0
1532

3Д киното во Битола од почетокот на своето постоење до денес, на битолчани им ги понуди најновите светски филмски наслови, филмски проекции кои беа максимално посетени .
И оваа лето за љубителите на филмската уметност ,се нудат голем број на најбарани филмови .

Под мотото Да им помогнеме на настраданите во поплавените подрачја во Скопје, 3Д книото се придружува кон хуманитарните активности.

Акцијата е поддржана од дистрибутерските куќи МегаКом Филм и Премиум Филм.

Големата сала на Центарот за култура, каде се прикажуваат најреномираните филмови, е опремена со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор , високо рефлективно платно, со што нивото на квалитетот на сликата ги достигнува стандардите на светските кино сали.

Со сето ова Битола има современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук, одлична можност за следење на филмските проекции.