Купуваме ли вистински на попуст?

0
820

Се чека попустот па граѓаните да се растрчаат низ битолските продавници за да се подноват со некое ново парче на гардероба. „Попуст за крај на сезона“, „Сѐ на половина цена“, „Попуст од 30 до 70 отсто“, „Ликвидација“… Ова се само дел од рекламните плакати залепени по излозите на речиси сите продавници низ градот. Битолчани, барем оние кои ги анкетиравме велат дека најчесто купувале на попуст. Некои пак сметаат дека овај попуст што го има низ битолските продавници не е реален, кој како што велат за разлика од светските трговски центри, ако има објавено попуст од 50% тогаш навистина тој попуст е толку.

popust 1

-Купувам на попуст, но сметам дека не е реален, вели битолчанка

popust 4

-Кај нас не се попустите како на запад, таму се знае што е на попуст и тој е реален, ако пишува на половина цена, тоагаш производот е на половина цена, а кај нас сметам дека не е така, пишува „се на половина цена“, таа всушност реалната цена на производот, вели граѓанин
Трговците зад камерата на ТЕРА велат дека кога ќе објават попуст, и тоа најчесто го прават на крај од сезона, продажбата им се зголемувала од 30 до 50%. Попустот велат најчесто го чекаат битолчани, а пак додека иселениците кои што ги има за време на летото во градот, не прашуваат за цена, ако им се допаднело некое парче гардероба веднаш го купувале.

popust 8

Законот за заштита на потрошувачи има точни правила што значи распродажба .

Означувањата што упатуваат на распродажба, односно
на намалување на цените, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или процент, треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени
на еден од следниве начини :

-со наведување на новата цена покрај видливо прецртаната
претходна цена , или
-со наведување на зборовите” нова цена” и”стара цена”, или
-со наведување на процентот на намалување на цената и
наведување на новата цена покрај видливо прецртаната
претходна цена, или
-со наведување на процентот на одобреното намалување
за секој одделен производ или услуга или за секоја наведена
категорија производи или услуги.

Како претходна цена од ставот 1 на овој член се смета цената која трговецот ја применувал 30 дена пред рекламирањето на распродажбата на производите. Процентот на снижувањето на цената што е објавен во распон, мора да се однесува најмалку на една петтина на сите производи што се на распродажба.
Прашање е колку кај нас трговците го почитуваат законот за заштита на потрошувачите за распродажба?